Џенифер Лопез во предбрачниот договор има силна клаузула: 250 милиони долари оштета доколку Алекс ја изневери!

Instagram
Instagram

Според таблоидот „Woman’s Day“, една од причините зошто Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја одложија венчавката, покрај коронавирусот е и обемниот предбрачен договор.

Пред неколку години се шпекулираше дека Алекс Родригез ја изневерил Џеј Ло. Без разлика дали е вистина или не, кога ќе стапат во брак, веројатно тоа нема да му падне на памет!

Без оглед на љубовта, во светот на супер ѕвездите, предбрачните договори се нешто што се зема здраво за готово, па се шпекулира дека пејачката и актерка Џенифер Лопез и бејзбол играчот Алекс Родригез ќе потпишат еден таков документ.

Instagram
Instagram

Пандемијата на коронавирусот ги одложи нивните планови за венчавка, но им даде време да размислат за можни клаузули во предбрачниот договор, па Џеј Ло излезе со една нова што според медиумите, на нејзиниот сакан не му се допаднала воопшто.

Клаузулата е доколку Алекс ја изневери латино дивата, тој ќе мора да ѝ плати дури 250 милиони долари!

Неговиот правен тим смета дека Родригез не треба да потпишува таков договор.

Instagram
Instagram

Неговите адвокати инсистираат на борба, тврди извор близок на Родригез и додава дека парот се судрил на оваа тема и дека Џенифер е подготвена да ја раскине веридбата ако Алекс не се согласи со нејзините услови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот