Латино дивата Џенифер Лопез настапи на „Тајмс сквер“ во Њујорк на дочекот на новата 2021 година.
„Годината ја започнав со најголемиот настап на мојот живот кога со Шакира одржавме концерт на Супер боул. Имаше илјадници луѓе. Сепак, вечерва работите се малку поинакви и тоа е во ред. Ако оваа година нѐ научи на нешто, тоа е да бидеме благодарни на сѐ што имаме и да го цениме секој момент“, рече пејачката.
„Изгубивме премногу. Премногу за да го земеме моментот здраво за готово. Вечерва ќе продолжиме со животот и ќе продолжиме да сонуваме“, со солзи во очите зборуваше емотивната Лопез.

„Успеавме, 2020 година е готова“, рече Џенифер.
На новогодишниот настап Џенифер дошла со метро, а сето тоа го објави на инстаграм-профилот.
View this post on Instagram
Поради пандемијата, плоштадот во Њујорк беше скоро празен, но преносот во живо беше достапен за сите.
Настапот на Џеј Ло од најлудата ноќ во годината, може да го погледнете во продолжение: