Џенифер Лопез „се отвори“ во емисијата на Опра Винфри: Помалку сум разочарана што не бев номинирана за Оскар!

По неколку месеци приказни и промоции поврзани за филмот „Hustlers“, Џенифер Лопез изјави дека е помалку разочарана бидејќи не беше номинирана за Оскар за својата улога во ова остварување, пренесува магазинот „Пипл“.

Оваа 50-годишна ѕвезда својот став на оваа тема го изнесе за време на гостувањето во емисијата на славната Опра Винфри во саботата навечер.

– Добив многу пофалби за улогата во тој филм. Вусшност, многу повеќе од кога било досега. Потоа ги читав текстовите и размислував: О Боже, зарем ова навистина се случува? Сепак, и покрај пофалбите не бев номинирана за Оскар, па тоа беше помалку разочарувачки за мене – изјави познатата актерка и пејачка.

Лопез, која за улогата на стриптизерка во „Hustlers“ доби неколку други важни номинации, како онаа на Златните глобуси, објасни дека се чувствува како да ги разочарала луѓето кои ја следат нејзината работа во текот на изминатите години.

Но, тоа не е така. Немој така да зборуваш – гласеше кратката реплика на Опра Винфри, на што Лопез и објасни дека сепак еден период чувствувала разочараност, иако подоцна сфатила дека не и е потребна уште една награда за да се почувствува дека вреди. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот