Џенифер Лопез се обрати на шпански јазик за време на инаугурацијата: Ги расплака обожавателите

Instagram

Џенифер Лопез вчера настапуваше на инаугурацијата на Џо Бајден изведувајќи ги патриотските песни „This Land Is Your Land“ и „America the Beautiful“. Но, во еден момент додаде стих од нејзината песна „Let’s get loud“ и на крајпт се обрати и на шпански јазик.

Една неделива нација пред Бога,  слобода и правда за сите“, кажа Лопез, рецитирајќи дел од свечената заклетва на САД.

Profimedia
Profimedia

Лопез потекнува од Порто Рико, има неколку албуми на шпански, па ова не е прв пат да запее  на својот јазик.

Пејачката расплака голем број латиноамериканци кои своите реакции ги споделија на социјалната мрежа „Твитер“. Многу обожаватели на беа горди што Лопез за момент си дозволи да се тргне од официјалната форма на настанот.

Instagram
Instagram

Ја гледавме инаугурацијата и одеднаш Џеј Ло почна да зборува на шпански. Еден од учениците во мојот клас почна да вика: – Знам што рече!!! Ова е причината зошто е важна репрезентацијата“, напиша еден наставник.

Profimedia
Profimedia

Не можам да ги запрам солзите“, напиша друг нејзин обожавател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот