Џенифер Лопез конечно откри кој е мистериозниот маж на нејзината фотографија

Џеј Ло предизвика хаос на интернет кога пред неколку дена објави фотографија од салата за вежбање, а на која во кадарот зад нејзиниот грб се гледа непознат маж, со маска на лицето, како што фановите првично претпоставија.

Во петокот во емсијата на Џими Фалон, Џенифер објасни дека мистериозниот маж е всушност деловниот партнер на нејзиниот вереник Алек Родригез, со кого тој зборувал додека таа вежбала во нивната гаража која ја приспособила како теретана за време на пандемијата.

„Тоа беше Zoom!  Тоа беше агентот за недвижнини, со кого Алекс зборуваше преку Zoom“, рече Џенифер кога Фелон ја праша за сликата.

Истото го кажал и извор близок на парот за „Пипл“, наведувајќи дека човекот се гледа на екранот на лаптопот.

„Нивната сала за вежбање е веднаш до канцеларијата. Кога имаат состанок преку Zoom, го проектираат на голем екран. На сликата можете да ја видите раката на Алекс, носи сина кошула. Човекот на сликата е деловниот соработник (на големиот екран) и раката ја ставил на устата. Тоа не е маска“, раскажал изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот