Џенифер Лопез ќе биде газдарица на бејзбол-тим!

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Џеифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез ги разгледуваат опциите да го купат бејзбол- тимот Њујорк метс, вреден околу 1,65 милијарди долари.

Првиот обид на парот да го преземе тимот пропадна претходно месецов, но како што пишуваат американските медиуми, Џеј Ло и Алекс не се откажуваат од својата намера.

Сопственици на тимот сега се Фред и Џеф Вилпон, но наводно тие се заинтересирани за продажба бидејќи се загрижени како на финансиите ќе се одрази кризата предизвикана со коронавирусот.

Наводно и пред пандемијата франшизата неколку сезони по ред работела со загуба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот