Џенифер Лопез ја повтори „катастрофалната грешка“ од минатата година! (ФОТО)

Profimedia

Нова година, ново промашување, а за се е криво ова парче облека!

Пред неколку дена пејачката и актерка, беше забележана во фармерки кои на друштвените мрежи беа прогласени за најгрдиот модел на светот, но вчера таа облекла уште полоши.

Објективно, шик модна комбинација, реално – модно промашување!

Така може да се опише несекојдневниот спој во кој Џеј Ло е видена во првиот ден од 2020 година, додека со децата ужива во шопингот.

Славната пејачка со својата ќерка Ема и двете ќерки на својот вереник Алекс Родригез, шеташе низ продавниците во Лос Анџелес во бела маица врзана така за да го покажува нејзиниот совршено тониран стомак, а ја комбинирала со струкиран црн блејзер и панталони со светол тексас. Додадете на тоа и тренди чевли и ќе имате феноменален изглед, би помислиле. Меѓутоа, нејзиниот избор на фармерки ја направи оваа комбинација модна катастрофа, пишуваат модните портали.

Џенифер всушност, со себе земала широки „торба“ панталони, за кое е познато дека не ѝ стојат најдобро, со оглед на тоа дека пејачката не е многу висока. Затоа овие модели визуелно ѝ ја скратуваат фигурата, а покрај тоа се работи за модно парче кое не е претерано атрактивно, туку изгледа како нешто што на Лопез и останала во шкафот уште пред неколку сезони, велат критичарите.

View this post on Instagram

@jlo ?? #jlo #jenniferlopez #jlovers

A post shared by Jenny ?? (@jloxjenny) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот