Џенифер Лопез ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед: Едноставно, не јаде еден вид на супа!

Instagram
Instagram

Џенифер Лопез, иако влезе во шестата деценија од својот живот, изгледа одлично. На голема радост на многу жени ширум светот, пејачката и актерка, за која многумина сметаат дека е една од најубавите жени, ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Од своите дваесетти години, Џенифер користи крем за сончање со фактор 30, кој ја штити кожата од штетни УВ зраци кои го поттикнуваат стареењето на кожата.

Лопез тврди дека никогаш не го прескокнува овој важен чекор што и помага да го задржи младешкиот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Покрај тоа, 51-годишната девојка сега откри каква храна никогаш не јаде, бидејќи, како што тврди, кога би ја конзумирала често, би изгледала многу постара.

Не јаде инстант – супи или едноставно кажано готови супи во кесичка кои се полни со натриум кој притоа ја апсорбира водата од нашето тело. Дехидрираноста на телото ја суши кожата, а тоа е една од причините поради која најчесто се појавуваат брчки на нашето лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Ако не можете да се откажете од ова јадење, одлучете се за супи со висока содржина на квалитетен зеленчук, со што помалку конзерванси и сол, советува Џенифер.

Лопез тврди дека покрај супата од кесичката, треба да се избегнуваат и енергетските пијалоци бидејќи содржат шеќер и кофеин – две супстанции кои воопшто не се добри за нашата кожа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот