Џенифер Лопез им го честита роденденот на нејзините деца: „13 години откако ги носев во рацете сред снежна бура“

Instagram
Instagram

Американската поп-пејачка Џенифер Лопез (51) на социјалните мрежи објави видео во кое позира со своите деца, а по тој повод објави многу емотивен опис, со цел да им го честита роденденот.

Имено, на видеото се гледа како Џенифер лежи на кревет со своите деца и им кажува колку е горда на нив.


Моите прекрасни бебиња денес се тинејџери! О Боже ! Не ми се верува дека поминаа 13 години откако двајцата ги носев дома во рацете среде снежна бура. Од таа снежна бура излегоа два совршени кокоси кои го преобликуваа мојот живот и ме научија на вистинското значење на љубовта, напиша таа во описот на објавата на латино дивата.

Џенифер од 10-годишниот брак со пејачот Марк Ентони (52) има близнаци – ќерката Ема Марибел Муниз и синот Максимилијан Давид Муниз, кои  од вчера, 22 февруари, се тинејџери си полни 13 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


На видеото, Џеј Ло нема шминка и лежи во разнобоен фустан додека нејзините деца појадуваат.

Од денот на нивното раѓање трае најмагичното патување полно со авантура и радост. Утрово чувствувам толку многу емоции … Денес сум многу емотивна … Толку горда и среќна, а срцето ми е скршено што не можам да го „замрзнам“ времето. За моите две грижливи, чувствителни и посебни души за кои знам дека ќе го променат и преуредат светот на нивните многу уникатни начини, вашата мајка ве сака засекогаш, напиша Џенифер под објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот