Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник завршија на психотерапевт: Инвестирање во врската или нејзин крај!

Instagram
Instagram

Американската пејачка Џенифер Лопез (51) се појави на насловната страница на магазинот „Allure“, за мартовското издание, а потоа во едно интервју откри дека посетиле и психотерапија со својот вереник за време на карантинот.

Имено, на 52-годишна возраст таа се појави на насловната страница на популарниот магазин со кратка коса, а под објавата на социјалната мрежа Инстаграм пишува дека магазинот го слави својот 30-ти роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Во интервјуто таа зборуваше за животот во карантин и за односот со нејзиниот партнер, поранешниот бејзбол играч, Алекс Родригез (45).

На почетокот на пандемијата, сите се соочивме со вознемиреност, како одеднаш да сме во „зоната на самракот“, но од друга страна драго ми е што конечно успеав да поминам многу повеќе време со мојот вереник и децата. Игравме бејзбол заедно, се фотографиравме, се посветивме на малите нешта за кои не успеававме да најдеме време претходно, изјави Џеј Ло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Пејачката рече дека тие поминале неколку месеци во организирањето на венчавката, но сепак и покрај големите подготовки заклучиле и двајцата дека не е вистинското време за тоа.

Во меѓувреме, се посветивме на нашите односи со помош на терапевт, мислам дека многу и помогна на нашата врска. Треба да инвестирате во себе и секогаш да работите на себе, рече латино дивата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Таа потоа зборуваше и за времето од почетокот на нејзината кариера.

Кога се појавив на сцената, беше чудно време и сите мораа да бидат слаби, започна латино дивата.

Тие ми велеа: „Па, не си слаба. Како се чувствуваш?“ Јас одговарав: „Се чувствувам одлично поради тоа!“ Денес, тој стандард на убавина е отсечен од нашите умови како меланом, додаде  Џеј Ло.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот