Џенифер Лопез ги остави обожавателите без здив: Латино дивата изненадува со својот изглед во шестата деценија! (ФОТО)

profimedia

Таа е една од најсексапилните жени на светот и плени со своите движења, фигура, атрибути и едноставно убав изглед. Со годините изгледа подобро, а милиони се согласуваат дека кога Џенифер Лопез ќе се соблече во костим за капење, остава малку на фантазијата.

Во моментот кога Џенифер Лопез се соблекува во бикини, сè застанува. Оваа американска пејачка со латино корени, која со години се наоѓа на списокот на најубави жени во светот, сега покажа беспрекорна фигура во розово бикини на плажа, а многумина едноставно го задржаа здивот од погледот.

Нејзината фигура, добро познатите атрибути и задник, на кои е особено горда, излегоа во прв план.

Беспрекорната линија е нешто со што може да се пофали оваа 51-годишна девојка, сето тоа благодарение на нејзината добро воспоставена рутина за фитнес од која не се откажува ниту еден ден во неделата. Внимателно вежба и е редовен гостин во теретана, особено последните години, бидејќи е во врска со атлетичарот и пензиониран бејзбол играч Алекс Родригез.

„Уживам во последните моменти од летото“, изјави згодната пејачка и актерка, а над милион и пол луѓе ѝ дадоа до знаење дека неизмерно им се допаѓа оваа сцена.

View this post on Instagram

2️⃣ days ✨? #JLoJenniferLopez @DSW

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Инаку, Џенифер Лопез била атлетска sвезда во средно училиште. „Отсекогаш сум била одлична на гимнастика и освојував медали, трофеи во атлетика и во софтбол“, рекла таа. Во нејзината биографија се наведува дека се натпреварувала и на национално ниво, а нејзината љубов кон вежбањето ѝ дозволила да има извајано тело и во педесеттите години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот