Џенифер Гарнер искрено за менливоста на телото: Изгледам како жена што родила три деца

epa-efe
epa08142815 Jennifer Garner arrives for the 26th annual Screen Actors Guild Awards ceremony at the Shrine Auditorium in Los Angeles, California, USA, 19 January 2020. EPA-EFE/DAVID SWANSON

Без оглед на тоа колку успешна кариера имале и колку деца родиле, жените, особено во Холивуд,
се очекува да изгледаат како тинејџери. За тоа проговори 48-годишната актерка Џенифер Гарнер.

Во подкастот „Happy Mum, Happy Baby“, актерката зборуваше за трите бремености и за трансформацијата на нејзиното тело. Гарнер ѝ рече на водителката дека телата на некои жени едноставно „веднаш се враќаат во нормала“ откако ќе добијат деца, но таа не е една од нив.

epa-efe
EPA-EFE/MIKE NELSON

Постојат неколку неверојатни жени чии тела, без разлика колку и деца да имаат, веднаш се враќаат во форма со тенки колкови и рамен стомак. Тоа е неверојатно. Имам многу пријателки кои се така градени, многу сум среќна за нив. Но јас не сум од нив“, објасни Џенифер.

Актерката со поранешниот сопруг Бен Афлек има три деца – двете ќерки Виолет Ана (15), Серафина Роуз Елизабет (12) и синот Самуел Гарнер (9).

Instagram
Instagram

Можам да вежбам, да бидам многу фит, но пак ќе изгледам како жена што родила три деца… Секогаш ќе изгледам така“, додаде таа.

Гарнер вели дека сè уште ѝ поставуваат непријатни прашања. Како што тврди, сè уште се соочува со гласини дека можеби е повторно бремена – сето тоа поради нејзиниот физички изглед…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот