Џенифер Анистон за моќникот кој на многу жени им го уништи животот: Седна покрај мене и помислив КАКВО ПРАСЕ!

Profimedia

Холивудската глумица Џенифер Анистон во интервју за магазинот „Варајети“ проговори за негативното искуство со филмскиот могул Харви Вајнстин, со кого соработувала во 2005 година.

Откако „Њујоркер“ во 2017 година ја објави приказната за злоставување на глумиците од страна на Вајнстин, неговиот углед е на многу лош глас.

Џенифер Aнистон раскажала како Вајнстин ја натерал да носи фустан што го дизајнирала неговата сопруга Џорџина Чепмен.

„Таа година Џорџина Чепмен пушти нова линија облека. Харви ме посети во Лондон и ми рече: Сакам да го носиш овој фустан на премиерата на филмот. Тоа не беше мој стил и му реков дека не сакам, а тој ми рече дека морам“, раскажала Анистон.

Една непријатност со него доживеала и на вечерата по повод премиерата на филмот.
„На масата беа Клајв Овен и продуцентите, а јас седев до еден пријател. Тогаш дојде Вајнстин и му рече на мојот пријател да се тргне и седна до мене. Какво одвратно однесување, како прасе во кал, помислив тогаш“, раскажала глумицата.

Харви Вајнстин моментно се соочува со повеќе од 70 обвиненија за вознемирување и обиди за силување.

Gvinet Paltrou i Harvi Vajnstin
Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот