Џенифер Анистон се смирила со татко ѝ: Со години не зборуваа, а короната повторно ги спои

Instagram

Странските медиуми пишуваат дека Џенифер Анистон се смирила со нејзиниот татко Џон и го обновила контактот после многу години.

За нивното смирување и обновување на семејниот однос заслужна е пандемијата на коронавирусот, пишува Дејли мејл.

Instagram

Откако Џон бил хоспитализиран поради здравствените проблеми што ги имал со абдоменот, следела пандемијата на коронавирусот, а Џенифер тогаш се загрижила за својот татко.

„Како да сфати дека животот е краток и дека нејзиниот однос со татко ѝ мора да биде добар, бидејќи никогаш не се знае што ќе ги раздели засекогаш“, рекол извор за Дејли мејл.

Сега Џенифер се слуша со нејзиниот татко секојдневно и се распрашуава за неговото здравје.

Џенифер била во лоши односи со татко ѝ уште од нејзината деветта година кога тој ги напуштил нејзе и нјејзината мајка, а глумицата тоа не можела да му го прости. Откако првично воопшто немале контакт,  подоцна почнале повремено да се гледаат, а сега глумицата решила да ги интензивираат контактите.

Семејните тајни на Џенифер Анистон: Кои се нејзините полубраќа, кои никогаш не ги спомнува во јавност (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот