Џенифер Анистон разочарана, но и полна со оптимизам: Ние не одиме никаде, никогаш нема да се ослободите од „Пријателите“!

Пандемијата на коронавирусот повторно го одложи снимањето на специјал серијата „Пријатели“ и повторното собирање на познатата екипа во епизодата што треба да се емитува на ХБО Макс стриминг сервисот.

И Џенифер Анистон, која го толкува ликот на Рејчел Грин, како и бројните обожаватели на серијата,  е разочарана поради одложеното снимање, но и тажна поради целата ситуација во светот. Сепак, таа како и секогаш е оптимист.

„Многу сум тажна што моравме повторно да го одложиме снимањето. Но ова ни даде повеќе време да направиме сè да биде многу повозбудливо и позабавно! Затоа избирам дека чашата е до пола полна. Ние не одиме никаде. Никогаш нема да се ослободите од „Пријателите“, изјави Џенифер за странските медиуми.

IMDB

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот