Џенифер Анистон откри за кого гласала: Нашата земја е поделена повеќе од кога било претходно

Instagram

Џенифер Анистон преку социјалните мрежи покажа ги замоли своите следбеници да излезат на гласање и добро да размислат кому да му го дадат својот глас.

Како што откри, таа гласала предвреме и своето глсачко ливче го пратила преку пошта. Џенифер не крие дека гласала за Бајден и за неговата заменичка Камала.

Гласав за нив, зашто во моментов нашата земја е поделена повеќе од кога било претходно. Неколку мажи во рацете ја држат моќта на одлучување што можат жените, а што не со сопствените тела. Нашиот моментен претседател заклучи дека расизмот не е проблем. Во повеќе наврати јавно ги игнорираше проблемите. Премногу луѓе умреа. Се работи за иднината на оваа земја и на целиот свет“, напиша Џенифер во објавата.

Таа апелирарше нејзините фанови да размислат кому ќе му го дадат својот глас, бидејќи тоа ќе се одрази на сите нив.

На вашите ќерки, на ЛГБТ заедницата, нашите браќа и сестри Афроамериканци, постарите луѓе со здравствени проблеми и вашите идни деца и внуци, кои ќе имаат задача да ја спасат планетата за која актуелната влада мисли дека не е загрозена. Целата оваа работа не се однесува само на еден кандидат или проблем, туку на иднината на земјата и на светот. Гласајте за еднакви човечки права, за љубов и пристојност“, напиша Џенифер.

Исто така глумицата се осврна и на кандидатурата на раперот Канјде Вест.

Не е смешно да се гласа за Канје. Не знам што друго би кажала. Бидете одговорни“, додаде Џенифер.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот