Холивудската миленичка Џенифер Анистон ги разгали срцата на своите обожаватели со снимката што ја објави на нејзиниот инстаграм-профил.
Главна ѕвезда на снимката е нејзиното ново куче Лорд Честерфилд.
„Здраво! Сакам да ве запознаам со новиот член на нашето кучешко семејство. Ова е (многу уморниот) Лорд Честерфилд. Ми го украде срцето“, напиша Анистон во опис на видеото.
Исто така се заблагодари и на организацијата која ги спасува кучињата и потоа им наоѓа домови.
Нејзиното видео за неколку часа е погледнато 10 милиони пати, а не изостанаа позитивните коментари.
Погледнете го Лорд Честерфлилд.