Џенифер Анистон на чекор да се повлече од кариерата: Не можев да издржам повеќе, тоа го цицаше животот од мене

Instagram

Џенифер Анистон (51) признала дека била на чекор до напуштање на Холивуд, по еден проект кој, како што изјавила Анистон „го исцицал животот од неа“.

Instagram

„Морам да признаам дека во последните две години низ главата ми минуваа такви мисли, што никогаш претходно не ми се случило“, рекла Џенифер.

Како што објаснила, по соработката со Рис Витерспун во серијата „The Morning Show“ во 2019 година, актерката постојано размислувала да ја напушти својата актерска кариера.

Instagram

„Тоа беше кога завршив да работам на еден проект и си помислив – Леле, ова реално… го исцеди животот од мене. Не знам дали веќе ме интересира“, признала познатата актерка.

Како што рекла, во иднина повеќе би сакала да се занимава со режија, открила дека тоа ја исполнува.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот