Џенифер Анистон донираше еден милион придржувајќи му се на движењето „Black Lives Matter“

џенифер анистон
Profimedia

Американската актерка Џенифер Анистон (51) донираше 1 милион долари на хуманитарната организација „Color of Change“ во знак на солидарност придружувајќи му се на движењето „Black Lives Matter“, пишуваат британските медиуми.

Фотографија: Instagram

Ѕвездата на телевизиската серија „Friends“ со донацијата ја искажа својата поддршка кон движењето кое започна после смрта на Џорџ Флојд.

Флојд почина при полициско приведување, бидејќи полицаец скоро 9 минути му го притискаше вратот со колено, додека тој повторува дека не може да дише.

Instagram

„Оваа недела беше потресна поради многу причини. Мора да признаеме дека расизмот и бруталноста во оваа земја траат долго време, а тоа никогаш не е во ред“, напиша Анистон на друштвените мрежи.

„Како сојузници кои сакаме еднаквост и мир, нашата одговорност е да го повишиме гласот, да бараме правда, да се образуваме во врска со тоа и да шириме љубов. Уште колку време сме спремни да поминуваме преку тоа? Колку време?“, додала таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот