Џенаро Гатузо пристигна во Неапол (ФОТО+ВИДЕО)

facebook.com/SSCNapoli/

Џенаро Гатузо (41) пристигна во Неапол да го води својот прв тренинг во клубот во чии редови ира македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Се очекува наскоро Гатузо да биде промовиран како нов тренер на „наполитанците“ кои во вторникот успеаја да обезбедат настап во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Се очекува да потпише шестмесечен договор со Неаполитанците со опција да се обновува за една сезона – во случај на влез во Лигата на шампионите, пренесува „Скај спорт Италија”.

До крајот на тековната сезона, да заработи 1,5 милиони евра, а во следната – 3 милиони. Тој претходно одби понуди од Фиорентина, Џенова и Сампдорија.

Гатузо ја започна својата тренерска кариера како асистент во швајцарската екипа на Сион, па ги водеше Палермо ОФИ Крит, Пиза, младинскиот тим на Милан и Милан.

Повеќе се прослави како играч на „росонерите“ во чиј дрес има по два трофеи во Серија А, Суперкупот на Италија, Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот, а по една титула во Купот на Италија и ФИФА Светското клупско првенство.

Од друга страна, се најавува дека Анчелоти ќе се врати во Премиер лигата и ќе седне на клупата на Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот