Џенан Лончаревиќ воодушевен од нашата Мими Јовановска: Таа има сè што треба да има една пејачка (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Познатиот српски пејач Џенан Лончаревиќ ја испофали нашата млада пејачка Мими Јовановска која се натпреварува во едно од најпопуларните музички шоуа во регионот „Ѕвездите на Гранд“.

Лончаревиќ беше во специјалното жири и уште во првите неколку секунди кога ја слушна Јовановска го даде својот глас.

– Таа има сè што треба да има една пејачка. Има добар фалсет, добра динамика – рече познатиот пејач по настапот на Мими.

Пофални зборови упати и Ѓорѓе Давид, кој додека пееше Јовановска накратко искоментира дека таа има се.

Инаку Мими ќе биде во тимот на Лончаревиќ, па и во иднина ќе имаме прилика да ја гледаме на сцената на „Ѕвездите на Гранд“.

Погледнете го нејзиниот настап на 1:49 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот