Џеки Кенеди, жената која преку ноќ знаеше да се претвори во убавица: Секоја жена треба да ги знае нејзините тајни! (ФОТО)

На денешен ден во 1994 година почина поранешната американска прва дама Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на 35-тиот претседател на САД Џон Кенеди, кој бил убиен во 1963 година. Џеки Кенеди се памети по нејзиниот придонес кон уметностите и зачувувањето на историската архитектура, нејзиниот стил, елеганција и грациозност.

Profimedia

Таа беше и остана икона на стилот. Меѓутоа, нејзината тајна е во тоа што се сакала самата себеси, додека триковите само ѝ помагале да се покаже во прекрасно светло.

Поранешната американска прва дама Џеки Кенеди со причина стана вечна светска икона на стилот – беше мајстор со едноставни трикови на убавина да постигне чуда.

Ова се нејзините осум омилени тајни за беспрекорниот изглед:

1. Сапун од кал од Мртво Море бил еден од нејзините омилени производи за чистење на кожата. Производите со екстракти од Мртво Море познати се по концентрацијата на минерали (на пример, калциум, калиум, магнезиум), кои фино ја прочистуваат кожата и имаат смирувачки ефект.

Прочитајте и...  Меган Маркл прозборе за бруталното убиство на Џорџ Флојд: Сфатив дека единствено погрешно е ако не кажам ништо (ВИДЕО)
Instagram

2. Сензуалниот парфем бил заштитен знак на Џеки Кенеди. Секојдневно го нанесувала мирисот Lovely Patchouli 55 од луксузната француска парфимерија House od Krigler. Овај парфем е заводлива мешавина од миризливи ноти на пачули, килибар и бергамот.

Profimedia

3. Перфекционистката Џеки и тоа како била свесна колку изразените и совршено обликувани веѓи можат да го „подигнат“ изгледот на лицето. Затоа внимавајте веѓите да ви бидат убаво обликувани, а по потреба „пополнете“ ги со специјално моливче или четка. Доколку ги средувате вашите веѓи дома, внимавајте да не остраните влакна – велат дека природната форма на веѓите, со мали корекции, е совршената форма која прилега на лицето.

Profimedia

4. Џеки никогаш не комплицирала и затоа била кралица на стилот. Ако косата ви е разлетана од ветрот, замотајте ја главата со свилена марама во дезен кој вам ви се допаѓа. Ако набрзина сакате да ги скриете подочниците, носете големи и елегантни наочари за сонце.

Прочитајте и...  Тупурковски: Есма сакаше да ни ја препише куќата (ВИДЕО)
Profimedia

5. Една од најомилените американски први дами многу вложувала во својот изглед, но никако не можела да се откаже од цигарите, кои освен што се штетни за здравјето, имаат лошо влијание и на кожата. Затоа користела суперхидрантни креми за лицето да ѝ остане свежо. Наш совет е да не пушите цигари и редовно да го хидрирате лицето.

6. Џеки обожавала да се сонча, но затоа нејзината кожа била склона на пигментација, а тој проблем успешно го решавала со пудра која перфектно одговарала со нејзиниот тен. Затоа, секогаш одберете ја нијансата која најприродно изгледа на вашето лице, а за среќа, денес веќе знаеме колку е битно секојдневно да го мачкаме со што поголем заштитен фактор пред да нанесеме шминка во летниот период.

Прочитајте и...  Вистинска магија додека се движите: Здолништата со реси се враќаат во мода!
Instagram

7. Џеки сакала кармини за усни во јаки бои и често ги ускладувала со црвени и розови нијанси на облека. Ако сте облекле класичен црвен фустан, на усните ставете црвен кармин во исти тонови. Така ќе изгледате уште попрефинето.

8. Поради честото изложување на сонце, стилизирајќи ја косата со топли справи и користење на лак за коса, нејзиниот фризер Питер Ламас ѝ препорачал за заштита врвовите од косата да ги негува со масло. Пробајте со кокосово, маслиново, рицинусово или чичково – нанесете на косата најмалку 30 минути пред да ја измиете, а потоа темелно исплакнете. Доколку имате време, можете и да преноќите со маската за подобар ефект. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.

Instagram

Прочитај повеќе

Ѕвездата од серијата „Бубалици“ призна дека никогаш не ја гледала серијата и дека имала мали „чудни“ ритуали

Слободен печат

Двејн Џонсон му се обрати на Доналд Трамп: Каде се наоѓаш, каде е нашиот лидер да пружи рака на скршената држава? (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Мета – американскиот милијардер: Оваа „дипфејк” снимка го преплави интернетот во Русија (ВИДЕО)

Слободен печат

Тупурковски: Есма сакаше да ни ја препише куќата (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Принцот Чарлс: Се извлеков, имав голема среќа

Слободен печат

Најжешкиот танц на Анастасија Ражнатовиќ досега: Новопечената тетка замеша со задникот! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ ја загуби битката со ракот – Почина во домот на најдобрата пријателка

Слободен печат

Беквалац го одржа првиот настап по пандемијата: На публиката и приреди ноќ за паметење! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Сара Џесика Паркер заврши на суд – Нејзината работничка ја обвини дека е лоша газдарица!

Слободен печат

Дани Димитровска е вистински доказ дека годините се само бројка: Погледнете колку полни денес! (ФОТО)

Васко Спасоски

Кајли Миног повеќе заработува од продажба на производи отколку од пеење: На патот и стои само – Кајли!

Слободен печат

Четири успешни приказни со пораки за безбедност на работното место – Заштитата е на прво место! (ВИДЕО)

Васко Спасоски