Џек Николсон со години живеел во лага: Мислел дека мајка му е негова сестра, вистината ја дознал откако починала

Џек Николсон

Славниот актер Џек Николсон (82) е еден од најголемите холивудски актери и позади себе има сјајни улоги кои го вивнаа на самиот врв. Меѓутоа, низ животот го следеа бројни драми со кои тешко се носеше, а најтежок удар за него беше кога ја дозна големата семејна тајна.

Неговата мајка била танчерка во ноќен клуб и се омажила за италијански играч, кој е инаку татко на Николсон, за кој подоцна се потврдило дека тој бил веќе женет. Актерот никогаш не го запозна татко му.

Неговата мајка имала само 17 години кога останала бремена, па родителите се обиделе да го сокријат тоа. Тие ја претставиле како негова сестра и го растеле Џек како нивни син, додека неговата мајка цело време глумела дека тој и е помлад брат.

Јавноста беше во шок кога магазинот „Часопис“ објави скандалозна приказна. Николсон дознал дека „сестра му“ е всушност мајка му, а „мајка му“ е всушност баба му.  Меѓутоа тогаш веќе биле мртви, па не можел да се соочи со нив.

Ова било голем шок за него, меѓутоа доста добро го поднел бидејќи психички бил стабилен во тој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот