„ЏЕЈМС VS ЈОКИЌ“: Маж и жена тепаа брачен пар на трибините! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Лејкерси во дербито го совладаа Денвер, а после завршувањето на натпреварот дојде до ретко виден инцидент во НБА лигата – тепачка на трибините.

За ситуацијата да биде уште „полуда“ двете машки лица беа во дресови на Леброн Џејмс и Никола Јокиќ.

Навивачот на Лејкерси, потпомогнат од својата сопруга, нападнаа брачен пар кој ги поддржува Нагетси.

Прво дојде до вербален судир, а потоа навивачката од Лос Анџелес ја удри „противничката“, а потоа на ист начин одговори и нејзиниот сопруг кој го удри „Јокиќ“.

Обезбедувањето брзо реагираше и спречи поголем инцидент…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот