Џејмс Мекавој изгубил многу улоги поради својата висина!

Фотографија: Instagram

Џејмс Мекавој, актерот кој моментално го гледаме во тв серијата „His Dark Materials“, признал во интервју за The Telegraph „како понизок маж понекогаш ми велеа дека сум пренизок за улогите“. Но, тоа не бил крајот на неговите маки. Понекогаш дури и кога ќе добиел улога знаеле да му кажат дека мора да направи нешто во врска со неговата висина. Џејмс Мекавој е висок 170 см.

Тоа сепак не било најлошото нешто поврзано со неговата висина што му се случило на снимање филм. Всушност, во една прилика добил улога во филм, но актерката која ја глумела девојката во која тој се заљубува, го прашала дали мисли дека тој е вистинскиот избор за таа улога. Му рекла „никој нема да поверува дека ти би можел да бидеш со некој како мене“. „Се чувствував како некој да ме мавна во меѓуножјето“, рекол Мекавој кој тогаш и рекол на актерката која не сакал да ја именува, „Во ред, сега во наредните 8 недели ќе морам да глумам дека ми се допаѓаш. Тоа ќе биде многу тешко бидејќи си вообразена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот