Џејмс и Дејвис направија тетоважи во чест на Коби

Ѕвездите на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, направија тетоважи во чест на трагично загинатиот Коби Брајант.

Брајант кој целата кариера ја помина токму во ЛА Лејкерс, во неделата во хеликоптерска несреќа го загуби животот, а покрај Коби настрадаа уште неговата ќерка и уште седум патници.

Голем број љубители на спортот му оддават почит на Брајант на разни начини, а Џејмс и дејвис тоа го направија преку тетоважи.

Леброн Џејмс на левата нога истетовира црна мамба, како што беше прекарот на Коби, а под неа пишува „Kobe 4life“.

твитер

Исто така и Дејвис има нова тетоважа во чест на легендарниот кошаркар, но не ја покажа во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот