Џејмс и Дејвидс го скршија отпорот на Мајами втор триумф (ВИДЕО)

epa08716707 Los Angeles Lakers forward LeBron James (L) is fouled by Miami Heat forward Duncan Robinson (R) as he scores during the second quarter of their NBA Finals basketball game two between the Miami Heat and the Los Angeles Lakers at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 02 October 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

ЛА Лејкерс поведе со 2:0 во големото НБА финале откако во вториот наптревар славеа со 124:114 над Мајами хит.

Иако Мајами во вториот натпревар влезе драстично ослабен поради неиграњето на повредените Горан Драгиќ и Бам Адебајо, „жешките“ пружија многу посилен отпор отколку во првиот натпревар и ги намачија фаворизираните лејкерси.

Сепак, тимот од Лос Анџелес доминираше во тоа што се надобри оваа сезона, во играта во рекетот каде главниот збор го имаа Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Лејкерси има дури 21 офанзивен скор наспроти шесте на Мајами и дури 21 поен од втора шанса, елементи во играта кои на крајот го одлучија победникот.

Лејкерси до двоцифрена предност дојдоа во втората четвртина и до крајот на натпреварот ја одржуваа разликата иако Мајами се закануваше преку одличниот Џими Батлер. Но, „жешките“ не можеа да направат целосен пресврт без повредените Драгиќ и Адебајо, но и поради многуте промашувања во шутот за три поени.
Во редовите на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс беше најпрецизен до 33 поени и по девет скокови и асистенции, додека Ентони Дејвис имаше скор од 32 поени и 14 скокови. На спротивната страна, Џими Батлер го предводеше Мајами со 25 поени, 12 асистенции и 8 скокови.
Наредниот трет натпревар ќе сеигра во ноќта помеѓу недела и понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот