Џејмс е против откажување на сезоната во НБА лигата

twitter/Los Angeles Lakers

„Кралот“ кој е дел од Лејкерси, еден од најдобрите кошаркари на светот не е сигурен дека би успеал да го поднесе евентуалното откажување.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс вели дека откажувањето на сезоната во НБА лига би било навистина тешко за него, и дека би сакал таа да продолжи на кој било начин.

Леброн Џејмс (34), еден од најдобрите кошаркари во светот, не е сигурен дека би успеал да го поднесе откажувањето.

– Верувам дека ќе бидат дозволени спортски активности кога ќе заврши пандемијата со коронавирусот. Навистина би сакал сезоната да продолжи. Верувам дека сме во добра позиција да се бориме за шампионскиот прстен и да ги направиме горди нашите навивачи. Доколку постои каква било шанса да се игра, би требало да се водат разговори околу тоа – рече Џејмс во видео конференција со новинарите.

Воедно искусниот играч додава дека е вратена добрата атмосфера кај фановите и дека се што е постигнато досега е одлично. „Кралот“ дефинитивно е против откажување на сезоната, односно посакува неговата славна кариера да ја збогати со уште еден шампионски прстен.

НБА лигата е во прекин од 11 март поради пандемијата на коронавирусот. Лејкерси во тој момент беа лидери во Западната конференција со учинок од 49 победи и 14 порази. Последен пат „езерџиите“ стигнаа до титулата во 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот