На денешен ден пред 65 години во светот одекнала веста за последната трка на познатиот актер Џејмс Дин со неговиот нов автомобил Порше. Дин, со неговите пријатели тргнал на трка низ Калифорнија, не знаејќи дека тоа ќе биде неговото последно возење.

Џејмс Дин се судрил со друг автомобил на раскрсница, излетувајќи надвор од патот. Веста за трагичната смрт на прерано починатиот актер стигнала речиси до сите меѓународни весници и тоа во време кога светот уште не знаел за дигитализација.
Дваесет и четиригодишниот актер засекогаш ќе остане симбол на една збунета, немирна и идеалистичка младина од 1950-тите.

Филмот „East of Eden“, сè до смртта на Џејмс, бил единствениот негов филм што се емитувал во киносалите. Ако е вистинита старата изрека дека луѓето се памтат по тоа како заминале, неверојатен е фактот што името на славниот актер се спомнува и инспирира и ден денес.
Филмот „Rebel Without a Cause“ во кино салите влегол само три недели по смртта на Џејмс Дин. Во траорната драма која се фокусира на емоционалното отуѓување на тројца млади луѓе што произлегува од адолесцентско ривалство.

Потоа тој станал икона на сите генерации и камен-темелник на движењата на младите во тоа време, бидејќи тоа бил првиот филм што зборувал од тинејџерска перспектива. Од страв дека ќе добие одредена репутација и дека секогаш ќе се очекува од него да игра лут тинејџер, Дин се одлучил за неговата следна улога – асистент на ранч во Тексас.

Последниот филм во кој глуми Дин е филмот „Giant“ во 1956 година. Тој е единствениот актер кој постхумно бил номиниран за Оскар дури двапати.
Постои силен аргумент дека Џејмс Дин и Марлон Брандо оставиле траен белег во филмската индустрија. Пред Дин, машките актери биле силни, мажествени и постојно добивале такви улоги во филмовите. Емотивните сцени секогаш биле резервирани за женски улоги. Мажите ги кажувале своите текстови чисто и одлучно, секогаш свртени директно кон камерата.

Џејмс Дин секогаш се однесувал природно, а не како филмска ѕвезда како во неговите улоги така и во приватниот живот. Ова е главното нешто што го одделува од останатите актери во тој период и со текот на времето го направи симбол на бунтот.
Неговата „кул“ и бунтовна слика практично станала синоним за рокенролот. Музичката група „The Eagles“ напишаа песна за него, а Џон Ленон еднаш рекол:
„Да не беше Џејмс Дин, немаше да ги има ни Битлси“.

Покрај актерската кариера и неговиот стил останал модна инспирација. Првенствено, носењето обична бела маица, во комбинација со фармерки е тренд кој опстојува до ден денес.
По неговата смрт, со години се ширеле гласини дека Џејмс Дин всушност не е мртов, туку дека живее таен живот далеку од очите на јавноста, дека бил хомосексуалец, дека Поршето во кое загинал било „проколнато“…

Независно од гласините, Џејмс Дин засекогаш ќе се памти како млад човек и претставник на социјалното отуѓување и пркос на нормите, како и претставник на бунтот што продолжува да инспирира генерации и генерации.