Џејмс Дин ќе биде дигитално реанимиран за да може да глуми во филм

Profimedia

Холивудската икона Џејмс Дин ќе биде дигитално реанимиран за да глуми во новата воена драма за Виетнам.

Според извештајот на Холивуд репортер, режисерите Антон Ернст и Тати Голик ги откупиле правата од семејството на Дин за да го користат приказот на глумецот кој загина во сообраќајна незгода во 1955 година.

Филмот е адаптација на романот на Гарет Крокер „Во потрага по Џек“ (Finding Jack). Дејствието го следи војникот кој се зближува со лабрадорот Џек во текот на конфликтот, но му е наредено да го остави кучето, како што им е наредено и на илјадници други кога војската тргнува во војна.

Режисерите ќе ги користат веќе постоечките материјали и фотографии на Дин за да направат ЦГИ верзија на глумецот, а друг глумец ќе го позајмува гласот.

„Долго време баравме совршен глумец за улогата и по неколку месеци истражување се одлучивме за Џемс Дин. Неговото семејство нѐ поддржува и на ова гледа како на негов четврти филм, кој не стигна да го сними. Немаме намера да ги разочараме неговите обожаватели“, изјавил Ернст за Холивуд репортер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот