„Џејмс Бонд“ на светскиот фудбал пред неочекуван трансфер!?

фото. твитер

Хамес Родригез останува еден од главните проблеми на Реал Мадрид, но решение за него би можело да се пронајде во Англија.

Колумбиецот не се наоѓа во плановите на Зинедин Зидан, „кралскиот“ клуб да се ослободи од својот играч, но по можност и нешто да заработи од неговото евентуално заминување.

Хамес Родригез останува еден од главните проблеми на шпанскиот клуб, но решение за него би можело да се пронајде во Англија.

Повредите често го мачеа, но и во добра здравствена состојба тешко доаѓаше до стартниот состав на „Бернабеу“, па сезонава до прекинот поради пандемијата на коронавирусот, во „Ла Лига“ одигра само седум натпревари и постигна еден гол во победата над Гранада (4:2).

Како што пренесува „Дејли Мирор“, менаџерот на Евертон Карло Анчелоти би можел повторно да соработува со својот поранешен играч од Реал Мадрид.

Тоа можело да се случи во наредното лето, иако има интерес од три италијански гиганти, Наполи, Интер и Јувентус. А освен тие, за фудбалерот кој го доби прекарот по британскиот агент 007, во трката за потпис на колумбискиот интернационалец е и Арсенал.

Односите останале добри меѓу Родригез и Анчелоти, единствено можеби цената ќе биде голема пречка, а се шпекулира дека се врти околу 80 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот