Џејмс: Безбедно можеме да ја завршиме НБА сезоната

twitter/Los Angeles Lakers

Најдобриот играч на Лејкерси вели дека раководството на најсилната лига на светот ги презема сите неопходни мерки за успешно завршување на сезоната во Орландо.

Сигурен сум дека НБА и Адам Силвер ги презедоа сите мерки на претпазливост за да се осигураме дека сме во максимална безбедност. Се разбира, може да се појават проблеми, но ние ќе ја преминеме целта, дури и доколку нешто се случи – рече кошаркарот на составот од Лос Анџелес, Џејмс.

Во Орландо на крајот на месецот 22 екипи по скратен систем ќе ја доиграат сезоната 2019/20 прекината во март поради пандемијата на коронавирус.

„Езерџиите“ се едни од најголемите фаворити за титулата, до прекинот на сезоната се наоѓаа на првото место во Западната конференција.

Воедно најпопуларниот кошаркар на светот е многу активен кога станува збор за социјалните проблеми во САД, а за американските медиуми изјави дека нема да носи социјална порака на својот дрес, туку ќе си остане неговото презиме.

Одлучив на мојот грб да пишува само моето презиме. Ја почитувам листата на пораки која ја одобри НБА и го поддржува секого кој сака да ја носи пораката на својот дрес. Тоа не е нешто што е важен дел од мојата мисија, мојата цел – се зборовите на „кралот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот