Џејми Оливер открива: Трикови за совршено поширани јајца

Иако мислите дека јајцата лесно се подготвуваат, некогаш токму со оваа едноставна состојка можете да направите катастрофална грешка.

И обична кајгана да готвите, треба да знаете како да не биде сува или недоволно пржена. Добриот омлет уште потешко се подготвува, а големи се шансите дека можете да се измачите и со подготовка на поширани јајца.

Иако се најделикатни за подготвување, еднаш кога ќе ги пробате пошираните јајца и ќе ја совладате техниката за нивна подготовка, ќе ви станат редовен оброк на менито. А кои се трите трикови за нивно подготвување, открива најпознатиот готвач Џејми Оливер.

Прво и најважно е да имате свежи јајца. Во сад ставете вода да зоврие, да се појават меурчиња, па тргнете го садот од оган кратко, намалете ја температурата на ринглата. Во меѓувреме, скршете го јајцето во мала длабока чинија за да го префрлите полесно во водата што врие.

За да не се распадне јајцето, со лажица водата во тенџерето (кое ќе го вратите на рингла) завртете ја за да направите вител, па потоа во неа спуштете го јајцето. Ако варите повеќе јајца одеднаш, можете да ги ставите во најлонска фолија, да ги врзете горе и да ги ставите во врелата вода.

За да добиете нежна свиленкаста структура на жолчката, јајцето треба да го варите околу три минути, советува Џејми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот