Џеј Зи полуде, па му го грабна мобилниот телефон од раце на човек кој ја снимаше Бијонсе! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Викендот што измина Бијонсе заедно со сопругот Џеј Зи присуствуваа на раскошната прослава по повод педесетиот роденден на раперот Паф Деди во Лос Анџелес, а се разбира таа го привлекла целото внимание кон себе.

Бијонсе на забавата се појавила во претесен фустан, дело на модната куќа „Kujta&Meri“. Роденденот си течел во најдобар ред се до моментот кога Џеј Зи забележал дека еден од гостите ја снима неговата сопруга со мобилен телефон.

Тогаш на познатиот рапер и продуцент му се „споиле“ нервите во глава и во еден момент му го грабнал телефонот од раце. Меѓутоа гостинот ја снимал само атмосферата, а откако Џеј Зи се уверил дека е така му го вратил телефонот назад.

Погледнете како изгледало тоа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот