Џеј Зи инвестира милиони во производство на марихуана

Instagram

Американскиот рапер и продуцент Џеј Зи, основа инвестициски фонд од 10 милиони американски долари за поддршка на малите бизниси во секторот на мариухана во сопственост на афроамериканци.

Џеј Зи сака да биде лидер во индустријата за легална марихуана во САД, а тој инструмент за ризичен капитал го создал во декември купувајќи платформа за директна продажба на потрошувачи во Калифорнија.

Instagram
Instagram

Со почетни 10 милиони долари и годишна инвестиција од најмалку 2% нето добивка, ние се свртуваме кон диверзификација на лидерството во трговијата и работната сила“, се истакнува во матичната компанија „Parent“ – поранешна „Subversive Capital“ чиј главен визионер беше Џеј Зи.

Меѓу инвеститорите во компанијата е и пејачката Ријана.

Instagram
Instagram

Компанијата се обврзува секоја година да инвестира по 2% од својот профит во овој нов „Инвестициски фонд за социјална еднаквост“ основан од раперот.

Седиштето се наоѓа во Сан Хозе, Калифорнија, а во 2020 година оствари профит од 185 милиони долари на пазарот на марихуана, што се проценува на 7,5 милијарди долари само во Калифорнија, каде потрошувачката на марихуана е дозволена за рекреативна употреба, како и во петнаесет американски држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот