Џеј пееше на првиот роденден на синот на пејачката Аделина и адвокатот Сержоја (ВИДEO)

Со торта на пет ката, богата трпеза и скапо шампанско синоќа познатата албанска пејачка Аделина Тахири и сопругот, познатиот скопски адвокат Сержоја Марков го прославија првиот роденден на синот Јон.

На роденденската прослава присуствувале голем број на пријатели и роднини на семејството Марков, а за одличната музичка програма биле ангажирани неколку албански и македонски пејачи, но ѕвезда на вечерта бил познатиот српски пејач Џеј Рамадановски.

Од нивни пријатели кои присуствувале на забавата, велат дека највесели биле токму адвокатот Марков и таткото на пејачката, а пак забавата траела до раните утрински часови.

Погледнете дел од атмосферата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот