Џеј Ло со емотивна фотографија им го честиташе роденденот на своите близнаци (ФОТО)

Среќен роденден на моите најубави кокоси, им порача Џеј Ло на своите близнаци…

За Џенифер Лопез (50) и Марк Ентони (51) ова е голем ден, бидејќи нивните близнаци Еме и Макс наполнија 12 години.

На 22 февруари 2008 година, животот на Џеј Ло се промени од корен и од тој ден нејзин приоритет се токму децата.

Во интервјуто за магазинот „People“ во 2016 година Џеј Ло раскажа за тоа како нејзините приоритети целосно се промениле откако се родиле Еме и Макс.

„Се породив и децата едноставно ме насочија кон нов пат. Само ми помогнаа да сфатам што е реално, а што не, и едноставно променија се“, изјави тогаш 50-годишната пејачка.

„Започнав да си поставувам на себе си разни прашања, за себе, за љубовта, за тоа што е правилно, а што е погрешно, бидејќи сакав и нивниот живот да биде сјаен“, заклучи тогаш таа со солзи во очите.

Неодамна, Еме се појави на сцената на Супербол заедно со својата мајка и со Шакира. За неа публиката вели дека накратко успеала да го украде целото шоу и да го насочи вниманието на публиката кон себе.

„Знам дека ако сакам нивниот животот да биде убав, мора мојот да биде одличен и да сменам некои нешта и да поправам неколку работи“, изјави своевремено Џеј Ло.

На Инстаграм, таа напиша: „Знам дека наполнивте 12 години, но вие секогаш ќе бидете моите бебиња. Среќен роденден на моите убави кокоси“, напиша таа под фотографијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот