Џеј Ло на Супербол настапи и со ќерка ѝ: Нејзиниот настап оценет како провокација на Трамп (ВИДЕО)

Instagram

Џенифер со нејзината ќерка Ем (11) ја изведе песната на Брус Спрингстин “Born In The USA”, а на сцената гордо го носеше порториканското знаме.

Шакира и Џенифер Лопез приредија спектакл во полувремето на овогодинешното финале на американскиот фудбал Super Bowl. Покажаа дека се во одлична пејачка, но и телесна форма.

Шакира и Џенифер Лопез / Фото: Профимедиа
Шакира и Џенифер Лопез / Фото: Профимедиа

Латино ѕвездите со месеци се подготвуваа за настапот на полувремето на финалето на најголемиот американски спортски настан во Мајами. Она што тие го изведоа беше спектакл кој го засени и самиот натпревар.

Фото: Профимедиа

Дел од перформансот на Џенифер Лопез на Супербол е оценет од страна на американските медиуми како провокација на Трамп и тоа поради деталот со кој латино дивата прошета по сцената.
Се работи за бундата во бои на знамето на Порторико, специјално направена за нејзиниот перформанс на овој настан.

Џенифер со нејзината ќерка Ем (11) ја изведе песната на Брус Спрингстин “Born In The USA”, а на сцената гордо го носеше порториканското знаме.

Да потсетиме, Џенифер е родена во Бронкс, а родителите ѝ се од Порторико. Пејачката секогаш гордо го истакнува своето латино потекло.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот