Џеј Ло му кажала дека не сака да му ги покаже градите и тоа ѝ го смени животот! (ФОТО)

Profimedia
Фотографија: Profimedia

Џенифер Лопез (50) беше гостинка во емисијата „Hollywood Reporter“, каде призна дека ниту таа не била заобиколена од сексуално вознемирување во Холивуд. Односно, обид за тоа.

Како што кажала, таа со себе носи непријатно искуство со режисер кој од неа барал да се соблече и да му ги покаже голите гради.

– Бараше од мене да му ги покажам градите, а јас му кажав дека не сме на сет и му кажав – „не“. Се сеќавам дека во тој момент почнав да паничам – признала Џенифер.

Тогаш во просторијата не била сама, туку со неа била и костимографката.

– Ми го кажа тоа пред друга жена и јас кажав „не“. Изгледа растењето во Бронск има влијание на мене. Му кажав: „Не морам да ти ги покажам градите, не сакам. Можеш да ги видиш на сет – се сетила Лопез.

Тоа и донело почитување помеѓу соработниците, самодоверба, а сфатила дека никогаш не мора да прави нешто ако не сака.

– Ако попуштиш мислат дека можат да прават што сакаат. Но, со оглед на тоа дека поставив граница и кажав не, тој се повлече и подоцна се извини – била искрена Џеј Ло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот