Џеф Безос секогаш ги поставува овие три прашања кога вработува нови работници

Фото: МИА

Начинот на кој луѓето се вработуваат во „Амазон“ отсекогаш е во фокусот на размислувањето на сопственикот Џеф Безос, пренесува „Бизлајф“.

При вработувањето во мултинационалната компанија „Амазон“, потенцијалните вработени мораат да поседуваат специфични особини, а една од нив е можноста за подучување на своите работодавци.

Начинот на кој луѓето се вработуваат во „Амазон“ отсекогаш е во фокусот на размислувањето на сопственикот Џеф Безос, пренесува „Бизлајф“.

– Се обидував да утврдам начин на вработување на нови работници. Ако некогаш имате среќа да вработувате луѓе, бидете сигурни дека не носите само такви кои вие можете да ги научите нешто, туку се трудите да вработите луѓе од кои и вие ќе имате што да научите – вели Безос.

Тој нагласува дека е важно да се создаваат добри лидери.

– Не можеш постојано да си во право, но можеш да се потрудиш да бидеш во право почесто – нагласи Безос.

Особините на вработените во „Амазон“ мораат да се поклопуваат со 14 принципи на лидерство во компанијата, вклучувајќи го и оној „во потполност си во право“. Покрај тоа, тие мораат да бидат помалку и радикални и бунтовници.

Трите главни прашања кои Безос им ги поставува на вработените и клиентите на „Амазон“ се:

– Дали ќе и се восхитувате на оваа личност?

– Дали таа личност ќе го подигне нивото на ефикасност на групата во која влегувате?

– Со која димензија таа личност би можела да стане суперѕвезда?

Најважниот елемент за успех на „Амазон“ е стабилен принцип на вработување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот