Џастин и Хејли се венчаа по вторпат, а пејачот се почести со часовник од 50.000 долари (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Музичката ѕвезда Џастин Бибер (25) и манекенката Хејли Болдвин (22) се венчаа на 30 септември во присуство на своите пријатели и роднини во Јужна Каролина. Ова е втора нивна венчавка во рок од година дена.

На церемонијата присуствувале 154 гости, а овој пат венчавката не беше тајна каква што беше првата, кога Бибер и убавата Хејли тајно се венчаа во њујоршката градска општина. Тука беа: Таткото на Џастин, Џереми со семејството, таткото на Хејли, актерот Стивен Болдвин, како и вујкото Били, најплатената манекенка во светот, Кендал Џенер, актерот Џејден Смит, Џастин Скај, Феј Кадра и многу други кои уживаа во коктелите на венчавката.

Фото: Профимедиа

Хејли носела бел свечен фустан која ја вклопила со бели чевли, а од накит таа носела скап гердан. Бибер, за разлика од неа беше премногу кежуал – црни панталони и бела маичка.

Фото: Профимедиа

Друштвените мрежи се преплавени со фотографии и сними од венчавката кои сведочат дека имало одлична атмосфера, а пред венчкавата Џастин објави фотка од часовник и напишал дека тоа е подарок кој сам си го купил.  Цената на овој часовник е 50.000 долари.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

Got my self a lil wedding gift … thanks @jadellebh

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот