Џастин Бибер сподели ретка фотографија со неговиот татко: Тато, те сакам со целото мое срце

Instagram
принтскрин / инстаграм

Џастин Бибер на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија со неговиот татко Џереми, за кој не зборува често во јавноста.

Тато, те сакам со целото мое срце. Среќен Ден на таткото“, напиша пејачот во описот на фотографијата.

Фановите му напишаа во коментарите дека фотографијата е прекрасна, а многумина ја забележаа сличноста меѓу таткото и синот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Колку си личите“, беше еден од коментарите. Сепак, имаше и такви кои на пејачот му рекоа дека неговиот татко не го заслужува тоа.

Инаку, главна фигура за време на воспитувањето на Џастин Бибер била неговата мајка, а многу малку се знае за неговиот татко. Неговите родители никогаш не биле во брак и ја прекинале својата врска неколку месеци по раѓањето на пејачот.

Тогаш Џереми започнал врска со Ерин Вагнер, со која доби две деца, денес 13-годишниот Џазмин и 12-годишниот Џаксон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот