Џастин Бибер има нова тетоважа на врат: Сите се прашуваат какво значење има! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Канадскиот пејач Џастин Бибер (26) објави нова фотографија на Инстаграм профилот, на кој ја покажа новата тетоважа.

Имено, славниот пејач истетовирал роза на вратот, а очигледно на неговите обожаватели им се допаднала, бидејќи добил бројни комплименти.

Џастин изгледал доста задоволен од новата тетоважа, а на објавата има повеќе од 1,5 милиони лајкови. Единствено не е познато што мисли неговата сопруга Хејли Бибер (23), ниту пак некој знае какво значење има таа.

Фото: Инстаграм

– Би сакале да дознаеме кое е значењето на новата тетоважа – му напишале во коментари неговите следбеници.

Фото: Инстаграм

За ова прилика тој позираше во сина маичка со „смајли“ во средина, а исто така му се видела и другата тетоважа која ја направи во 2018 година, кога се ожени со Хејли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот