Џастин Бибер го „запали“ Твитер: По пет години го објави новиот албум (ВИДЕО)

инстаграм

По пет години пауза, Џастин Бибер точно на полноќ на 14 февруари, го објави својот нов албум „Changes“. На албумот се наоѓаат вкупно 17 песни.

Фановите на Бибер се возбудените, хаштагот #ChangesOutNow на Твитер е на врвот на трендовите, а коментирале повеќе од 130 илјади луѓе.

Повеќето од песните Бибер и ги посветил на сопругата, а тој вели дека овој R&B музички проект настанал низ медитација и промени низ кои минувал во последно време.

Бибер претходно објави три сингла од албумот. На 3 јануари го објави синглот „Yummi“, како ода за сопругата. На крајот на јануари го објави синглот „Get Me“, а пред седум дена е објавен и третиот сингл „Intentions“.

View this post on Instagram

It’s here. #CHANGES IS OUT NOW

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот