Џамбаски до Заев: Арогантно и дрско поставувате ултиматуми пред ЕУ, а масата за преговори е тажно празна

Џамбаски-Заев

Арогантност и дрскост. Вака бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ги нарече ставовите на премиерот Зоран Заев дека идентитетските прашања не смее да бидат на масата за разговори кој што ѝ го пренел на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на денешната средба во Брисел.

Откако Заев објави на социјалните мрежи што разговарале со Фон дер Лајен, Џамбаски се јави со коментар во кој вели: „Не ја разбирам вашата арогантност и дрскост да поставувате ултиматуми пред Унијата којашто вашиот народ ја гледа како единствен влог за подобра иднина“.

„Додека вашите соседи од Албанија ги исполнуваат и почитуваат упатствата, Вие не запирате да ѝ кажувате на ЕУ што треба, а што не треба да ви постави како услов. А масата на преговори, на која кажувате што не треба да има, е тажно празна. Ѝ го кажавте ли тоа на г-ѓа Фон дер Лајен? Ѝ кажавте ли дека досега не сме преговарале ниту за една точка, толку месеци по нашето таканаречено ‘вето‘?

Заев, може да звучите цврсто пред Фон дер Лајен, говорејќи за поврзаноста на Вашиот ‘идентитет‘ со факти и наука, но двајцата добро знаеме колку смешно звучи тоа. И колку е неточно. Знаете ли драги, дека и во Бугарија го сметаме нашиот ‘идентитет‘ за гордост. И токму затоа, ако некој поска да зборува з анего, ако некој го оспори, ќе се исправат со истата гордост и ќе го убедам во неговата неприкосновеност. Нешто, со кое Вие изгледа не можете да се справите“, напиша Џамбаски.

Премиерот Заев објави дека Фон дер Лајен на денешната средба потврдила дека ЕК ќе се вклучи со уште поголем ангажман во барањето решение за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, бидејќи ова е многу важен процес.

„Таа се залага Северна Македонија и Албанија заедно да ги продолжат преговорите без натамошно одложување.

Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, тоа е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори. Европските вредности се водилка за нас, но заштита на идентитетот исто така е европска вредност.

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел. Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина“, вели Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот