Џаферовиќ: Против мини Шенген можат да бидат само неразумни луѓе

Шефик Џаферовиќ
Шефик Џаферовиќ / Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ изјави дека против иницијативата таканречена мини Шенген можат да бидат „само некои неразумни луѓе“, пренесе „Oslobodjenje.ba“.

Тој рекол дека целта на неговата посета во Албанија е поттикнување на билатерална соработка меѓу БиХ и Албанија.

– Таа соработка неоправдано беше запоставена и не одговараше со можностите кои двете држави ги имаат, посебно кога економската сфера на билатералните односи се во прашање“, вели Џаферовиќ и додава дека бројните бизниси во кои двете држави можат да соработуваат се на „обострана корист“.

Тој додава дека БиХ ќе отвори амбасада во Тирана како што и Албанија ќе отвори во Сараево.

– Тоа се мостови на соработка. Затоа постојат дипломатско-конзуларни претставништва, рекол Џаферовиќ.

Зборувајќи за иницијативата таканаречена мини Шенген, Џаферовиќ истакнува како „треба да ги користиме сите регионални иницијативи“. 

– Кога станува збор за иницијативата која ја нарекуваат мини Шенген, тука на најдобар можен начин може да се реализираат оние четири слободи на кои е втемелена Европската унија – движење на роба, луѓе, капитал и услуги… Многу е важно една таква иницијатива да биде под закрила на ЕУ, сите да бидеме еднакви и партнери. Само некои неразумни луѓе можат да бидат против тоа нашите граѓани да можат да се движат со лична карта и нашите камиони да не стојат со денови на граници. На крај краишта, тоа води и до еден подобар живот на сите граѓани во регионот, заклучи Џаферовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот