Џафери: За измени во Законот за јазици потребна е согласност од помалите албански партии, кај нив нема расположение за тоа

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат процедурална можност да поднесат предлог за измени на Законот за употреба на јазиците, но мора да имаат предвид дека тој закон е донесен со Бадентерово мнозинство, така што и предложените измени треба да се изгласаат со тоа мнозинство, изјави денеска спикерот Талат Џафери.

– Конечната одлука, дали Законот ќе се смени или не, е кај немнозинските пратеници од албанските партии. Предлагачот на измените треба да ја обезбеди нивната поддршка, а јас не верувам дека кај помалите албански партии во парламентот постои расположение за измена на Законот за употреба на јазиците – рече Џафери.

Според него, препораките на Венецијанската комисија не се обврзувачки.

– Укажувањата од Комисијата во делот на институциите, дека тие не се подготвени за имплементација на Законот, е проблем на институциите. Секоја институција мора да обезбеди соодветна инфраструктура за спроведување на законите кои ги носи Законодавниот дом – дециден е Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот