Џафери за изјавата на Милошоски: Собранието нема надлежност да истражува дали пратеник силувал жена

Фото: Архива

„Слободен печат“ го праша претседателот на Собранието Талат Џафери за тоа дали во законодавниот дом се знае кој пратеник силувал жена, како што пред два дена тврдеше пратеникот Антонио Милошоски.

-Собранието нема истражни и судски надлежности за да произлезе обврска на парламентот да истражува такви работи. Во ДИК преку процедура сите пратеници мора да потврдат дека немаат такви дела од соодветните судски инстанци, не верувам дека постои некој суд во државата кој ќе даде потврда дека не е осудуван некој, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

Милошоски од собраниската говорница во текот на расправата на чиј дневен ред се најде Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното кој е со европско знаменце, дека Министерството за труд и социјална политика и телото кое во иднина ќе се занимава со оваа проблематика, треба да водат и регистер на сторители на родово базирано насилство а не само регистар за жртвите. Така јавноста ќе види кој врши насилство врз девојки или жени и тоа да биде поука во општеството, за да не се повторува.

-Ова го кажувам затоа што за жал меѓу нас во Собранието има колега пратеник кој извршил силување на жена, казнет е за тоа, а сепак е на една висока функција. Името нема да го споменувам бидејќи не би сакал кај жртвата да будам било какви лоши спомени, рече Милошоски по што беше недостапен за дополнителен коментар за својата изјава.

ВИДЕО: Милошоски недостапен за изјава во врска со тврдењето дека пратеник силувал жена

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот