Џафери во посета на настраданите од земјотресот во Албанија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ќе престојува во Република Албанија, соопшти собраниската прес-служба.

Џафери, се посочува во соопштението, ќе даде своја морална и институционална поддршка на настраданите од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата утрото на 26 ноември и предизвика огромни материјални штети, меѓутоа, пред сѐ, човечки жртви чијшто број за жал сѐ уште расте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот