Џафери тактизира со оставката на Груевски

Претседателот на Собранието Талат Џафери, до крајот на денот ќе треба да соопшти дали на утрешната собраниска седница само ќе ја констатира оставката на Никола Груевски или, пак, ќе ја продолжи процедурата за одземање на неговиот мандат која ја почна Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

Како што неофицијално дознаваме, на денешната координација од СДСМ инсистирале да се следи процедурата предвидена со Уставот и со Деловникиот на Собранието и да се отвори дискусија по предлог-одлуката за одземање на мандатот која ја донесе Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања.

– Иако и досега биле констатирани оставки на пратеници кои не биле лично поднесувани во Собранието, сепак тоа никогаш не било од причина заради која тоа го прави Груевски, и затоа треба да инсистира на процедурата предвидена во Деловникот за одземање на неговиот мандат – велат од владејачкото мнозинство.

Претставниците на ДУИ, пак, не кажале јасно каков е нивниот став по ова прашање туку одговорноста за носење на одлука му ја префрлиле на Талат Џафери.

Собранискиот претседател, пак, побарал дополнителна координација со ВМРО-ДПМНЕ, по што најавил дека во текот на денот повторно ќе ги повика координаторите на политичките партии.

Инаку на утрешната собраниска седница одземањето на мандатот на Груевски е прва точка на дневниот ред. Но таа ќе стане беспредметна ако на почетокот на седницата Џафери ја констатира оставката на Груевски што тој ја поднесе минатата недела преку нотар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот